Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tika-oriz-oprema601.10.2013  Соработката на македонските оризопроизводители и турските земјоделски експерти нема да остане само на експерименталното засејување нови сорти ориз.

Како резултат од веќе потпишаниот договор меѓу македонското Министерство за земјоделство и турската агенција за соработка ТИКА, за потребите на лабораторитие на Земјоделскиот институт во Кочани веќе е дониран дел од потребната опрема.

При неодамнешниот престој кај нас, директорот на агенцијата Махмут Чевик најави дека треба да пристигнат и други технички средства за испитување и подигање на квалитетот на производството.

- Ние, пред се за подигнување на квалитетот и рандманот ги донесовме овие сорти и ќе имаме донација слична на овие технички и прирачни лабораториски средства за работа. Веруваме дека со успешно, квалитетно производство, со сорти од висок квалитет ќе дадеме подобар придонес и од економски аспект и од аспект на здрава исхрана, рече Махмут Чевик, директор на турската агениција ТИКА.

Техничката и лабораториската опрема што како донација пристигна во Кочани беше претставена при посетата на Земјоделскиот институт. При разгледувањето на површините засеани со турските сорти беше речено дека дел од нив веќе ги покажале своите предности во поглед на вегетацијата и квалитетот на зрното.

Сепак, кои од сортите ќе продолжат да се испитуваат, дополнително ќе се утврдува, откако ќе заврши жетвата на сите засеани повришни.

- “Гала“, “К`з`лтан“, “Ѓунан“, “Халилбеј“ и другите сорти, мислиме дека имаат добра адаптација во овој регион. Во текот на нашите состаноци ќе донесеме одлука кои сорти ќе останат и според тоа ќе продолжи втората фаза. Македонија сама ќе одлучи за сортите, додаде Чевик.

Претставниците на агенцијата ТИКА рекоа дека се презадоволни како до сега се одвиваат работите околу испитувањето на новите сорти ориз. Иако учествувале во многу меѓународни проекти, соработката со Македонија ја оценуваат како една од најдобрите досега. 

- Во сите земји знаеме како се раководат проектите, се трошат милиони долари, но не се доаѓа до посакуваната цел. Фактор за тоа е што не се инволвирани квалитетни експерти како нашите во овие проекти, заклучи Чевик.

Со  оглед што турските сорти имаат пократка вегетација за 15-тина дена во однос на стандардните што се одгледуваат во кочанскиот регион, нивната жетва на одредени парцели е завршена. До средината на овој месец, експериментално засеаните површини целосно ќе бидат ожнеани, по што ќе се знае која сорта покажала најдобар квалитет и принос.

Т. Ајтовски

Сподели

tika-oriz-oprema4tika-oriz-oprema5oriz-turski2oriz-turski3oriz-turski1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code