Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

akcija1001.10.2013 Дури и при мали сообраќајни незгоди, без врзан безбедносен појас, ризикот за добивање тешки телесни повреди е висок. Полицијата апелираше на почитување на законот кој вели дека возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето што се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со појасите за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат.

На лицата што ќе постапат спротивно со оваа одредба им се одредува глоба од 20 евра во денарска противвредност или 10 негативни поени.

Кочанската полиција деновиве нема да казнува само ќе спроведува превентивна акција за користење на сигурносните појаси и за одвикнување на возачите да разговараат на телефон додека возат.

Целта на акцијата е да се навикнат возачите да ги користат сигурносните појаси како и да се намали бројот на загинати и повредени лица во сообраќајните незгоди.

-Можете и сами да забележите дека од 6 сопрени возачи само еден има ставено појас. Во акцијата која ја спроведуваме ќе бидат сопирани возачите и кај оние возачи кај кој ќе се констатира дека не носи појас ќе му биде укажано за тоа. За користење на сигурносен појас ќе им биде укажано и на сопатниците. Ќе бидат делени и флаери. Целта на акцијата е возачите да стекнат навика за носење појас при возење, истакна Горан Велковски, инспектор за превенција во сообраќајот.

Освен за сигурносните појаси, акцијата се однесува и за почитување на законот за користење на мобилен телефон при возење.

-Доколку возачите оценат дека има потреба да ги користат мобилните телефони при возење, иако законот не дозволува користење на телефони, препорачано е да се набави потребна опрема која се става во увото и ќе може да разговараат на телефон, притоа рацете да им бидат слободни за возење за да може за било што навреме да реагираат, додаде Велковски.

Акцијата на полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај е во соработка со отсекот за превенција при СВР Штип.

Т. Велкова

Сподели

akcija-11akcija-12akcija-13 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code