Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

MELNICARI10.06.2013  Најавите дека земјоделците бараат годинава килограм пченица да се откупува од 14 до 16 денари, на мелничарите им носат главоболки. Тие оценуваат  дека со сегашните услови на пазарот, кога има поевтина пченица од увоз, ќе бидат ставени во нерамноправна положба од свој џеб да ја покриваат разликата, односно сами да го кредитираат производството.

Некои откупувачи и преработувачи веќе најавуваат дека во такви услови размислуваат за отпуштање на дел од вработените или дури и за затворање на своите капацитети.

Тие сметаат дека се ставени во мат состојба, затоа што не можат да го исполнат законскиот услов според кој за еден килограм увозна, треба да откупат три килограми домашна пченица.

- Овие две години оваа мерка ги дава очекуваните резултати, но крајниот ефект за мелничарите беше негативен, затоа што во последно време не оставија со големи количини на залиха од пченица, мерката пред време беше суспендирана, почна да влегува српско брашно и мелничарите останаа затечени во тој период, со поголеми количини домашна пченица, купена по повисоки цени од пазарните. Се појави и поевтино брашно со нелојална конкуренција на нашиот пазар, ние бевме принудени да ги угасиме наште капацитети и во моментот мелничката индустрија не е финансиски во кондиција да излезе за откуп оваа година, рече Николчо Георгиев, директор на “Мак млин“ – Чешиново.

За да се спасат од сегашната ситуација мелничарите ќе бараат од држвата да интервенира, односно да направи измени во законската мерка за условен увоз.

- Ние апелираме разликата меѓу откупената пченица и увезената да се  сведе на 1:1, а кај брашното да се покачи на 1:5, што ќе значи спас на мелничката индустрија. Доколку Македонија произведува 150 илјади тони пченица, ако биде мерката 1:1 да можеме и 150 илјади тони пченица да увеземе од странство, а брашното да биде 1:5, како би живеела оваа гранка, за да не дојде до отпуштање на вработени, рече Георгиев.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека им даваат поддршка на мелничарите, иако очекуваат откупната цена да се движи меѓу 14 и 16 денари за килограм.

- Ако ние како производители ги поддржиме мелничарите, а  наша определба е да ги поддржиме, се ќе зависи од тоа каква одлука е донесена меѓу Владите на Македонија и Србија за решавање на меѓусебните трговски односи со земјоделски производи, рече Ефтим Шаклев од Асоцијацијата  на земјоделци на Македонија.

За да нема загуби и кај откупувачите и кај земјоделците, мелничарите бараат од Владата да определи кој ќе ја покрие разликата меѓу производната и откупната цена. Односно тие прифаќаат да откупуваат и по цена што е актуелна во Србија, но останува прашањето како ќе се обештетат производителите, со оглед дека производните цени кај нас се повисоки од онбие во соседството.

Т. Ајтовски

Сподели

MELNICARI 1MELNICARI 4MELNICARI 3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code