Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Prskanje-Komarci210.06.2013 Иако требаше да се спроведе во доцните вечерни и раните утрински часови првата фаза од прскањето против комарци е одложена заради временски услови. Поради најавените неповолни прилики за третирање и во следните 48 часа, акцијата најверојатно ќе се спроведе во истиот термин со Чешиново - Облешево, општина која Владата ја вметна во приоритетниот план за дезинсекција во државата.

Запрашувањето ќе се врши од земја, на површина од 300 ха. Со акцијата ќе бидат опфатени зелените површини во градското подрачје, периферијата и низинските села. Ќе се врши третман на вегетативната форма на комарци, со намера да го заштити населението од појава на заразни болести.

Иако препаратот со кој ќе се прска е одобрен од Бирото за лекови и не е штетен за луѓето и големите цицачи, сепак се препорачуваат соодветни превентивни мерки.

Граѓаните кои одгледуваат пчели треба да ги затворат сандаците со доволно вода за пиење и да не ги пуштаат 4-5 часа по третирањето.

Прскањето против комарците ќе го реализираат стручни екипи од Центарот за јавно здравје , а ќе се користи истиот препарат како и лани.

Годинава третирањето ќе се изведе комбинирано. Четири пати од земја, и еднаш авионски, кога ќе бидат опфатени 1500 ха. Воздушната акција се планира да се изведе истовремено со Виница, а ќе се прскаат сите земјоделски површини кои моментно се под вода.

Г. Лалов

Сподели

Prskanje-Komarci6Prskanje-Komarci4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code