X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

GARD 310.06.2013  Рекреативците на ГАРД – Кочани викендот не ги реализираа планираните и веќе најавени активности.

Автобусот што од Општината им бил ветен за да ги превезе до Пониква не се појавил  во договорениот термин. Па така, наместо да учествуваат во маршот на планина, рекреативците си останале дома.

Според координаторот на ГАРД, планираниот марш требало да биде нивната најдобро организирана спортско-рекреативна манифестација за што подготовките траеле дваесетина дена. Во подготовките за маршот рекреативците од ГАРД вложиле доста труд за трасирање на патеката, обезбедиле и присуство на лекар, возило за логистика и радио станица, а потрошиле и сопствени финансиски средства.

 - Она што го планиравме, подолго време се подготвувавме, имавме зацртано маршрута од рекреативен карактер, иако е 40 километри, не успеавме да ја реализираме.  Инаку, требаше да пешачиме од Пониква, Лопен, Царев врв, Калин камен до манастирот “Св. Јоаким Осоговски“, рече Никола Серафимов, координатор  на ГАРД – Кочани.

Триесет и тројцата планинари, останале да чекаат на договореното место, и  по подолго време добиле информација  дека превоз за нив нема да има. Автобусот  што покровителот на кочанската секција  на ГАРД, Јордан Трифунов, го договорил со градоначалникот Димитровски заминал на друго место.

На Калин камен рекреативците требало да имаат средба со своите колеги од Скопје, а потоа и заеднички ручек во манастирот Јоаким Осоговски. Од неразбирливи причини за нив, превозот им бил откажан, а членовите на ГАРД велат дека со тоа се игнорираат заложбите на нивниот покровител да им помага ним и на Општината. Меѓу другото, се најавува дека Трифунов е во преговори да обезбеди возило за противпожарна заштита како донација од Холандија, а што ќе го добие Општината.

Т. Ајтовски

Сподели

GARDGARD-2GARD 1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 15 kmh
Среда-8°C/2°C
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 119 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click