04.10.2013 Одбрана е фирмата која годинава ќе го организира традиционалниот кочански панаѓур. Право на учество имаа сите регистрирани правни субјекти кои се регистрирани како правен субјект во Централниот регистар најмалку 2 години, кои немаат обврска спрема КЈП „Водовод“. Избраната фирма треба да уплати 10 % од почетната цена објавена на лицитацијата и 18 % ДДВ и 35.000 денари депозит за електрична енергија.
-На огласот се пријавија две фирми. Од нив е изберена една и сме во фаза на потпишување на договорот и ќе пристапиме на договорно уредување на своите обврски. КЈП „Водовод“ ќе ја одржува површината во делот на поставување на садови за изнесување на сметот, поставување на мобилни тоалети, приклучок на електрична енергија и поставување на бараките за угостителски објекти, рече Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.
Почетната цена изнесуваше 500.000 денари без ДДВ. Наддавањето се движело во висина од 5.000 денари, што значи дека одберениот понудувач треба да ја плати почетната цена зголемена за наддадената сума.
Кочанскиот панаѓур годинава ќе се одржи од 18 до 23 октомври .
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}