Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo310.06.2013 Од ФК „Осогово“ велат дека сакаат да стават крај на сите местенки кои ги направиле истите луѓе на кои пред една година им бил оставен клубот на управување за ист толкав период.

„Околу тоа кој е легитимен претставник на клубот не сакаме да пишуваме, бидејќи потврди за легитимноста уште на крајот на минатата година испратија и Централниот Регистар на РМ, Агенцијата на млади и спорт на РМ, а ФФМ преку „Мак фудбал“ објави дека претседател на клубот е Крсте Крстев.

Не сакајќи да ја комплицираме работата во текот на првенството и клубот да се пресели во општинска лига, одлучивме на „гробарите“ на кочанскиот фудбал да им го оставиме клубот до крајот на првенството, бидејќи тие ветуваа дека ќе го обезбедат првото место и дека во најмала рака ќе играат бараж за втората лига.“

Во меѓувреме, стои во известувањето, истите раководни лица на ФК „Осогово“ формираа ново ЗГ„Осогово 2012“ кое со амин на некои лица од ОФС Кочани почна да се натпреварува во општинската лига на Кочани. Во нивниот тим, додаваат, играа голем број играчи кои истовремено играа и за ФК „Осогово“, што не е дозволено.

„Сега по завршување на првенството ги натераа играчите да си земат исписница од ФК „Осогово“ и да се пријават во ФК „Осогово 2012“. Исписниците не се законски издадени, бидејќи нивниот потпис и печат не одговара на потписот на овластеното лице, претседателот Крсте Крстев и на оригиналниот печат на клубот. “

Од ФК „Осогово“ ги известуваат љубителите на фудбалот и навивачите дека продолжуваат со работа онаму каде лани застанале. Велат дека повторно ќе го стабилизираат клубот и ќе продолжат со натпреварите во Третата лига со желба да се борат и повторно да го освојат првото место. Сите оние кои ќе продолжат да издаваат исписници со лажен потпис, и печат, како и лицето кое сето тоа ќе го заведе во ОФС Кочани, ќе поведеме судска постапка, а за последиците нема да одговараме - децидни се од ФК „Осогово“.

Г. Лалов

Сподели

upravasejmeni

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code