Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kruzen-tek07.10.2013 Најголемите грешки се прават бидејќи по навика се применува правилото на десна страна или пак возачите низ кружниот тек се движат како по приоритетен пат и директно влегуваат без да ги пропуштаат возилата кои веќе се наоѓаат во него. Со почетокот на градбата на крстосницата беше поставена сообраќајната сигнализација- предупредување дека се наидува на кружен тек и улица со првенство на минување.

-Возилата кои влегуваат во крстосницата со кружен тек на сообраќајот мораат да ги пропуштат возилата кои веќе се движат и кружат во крстосницата. Од друга страна треба да внимаваат на улица која има две сообраќајни ленти. Оние кои се движат по левата, треба да ја користат внатрешната лента, а возилата од десната треба да ја користат надворешната сообраќајна лента, освен ако имаат намера веднаш на наредниот излез да ја напуштат крстосницата -рече Горан Велковски, инспектор за превенција во сообраќајот.

Додека возачите се навикнат на правилата на кружниот тек, полицијата нема намера да санкционира, но тоа ќе го прави откако тој ќе биде доизграден и целосно функционален.

-Прво ќе се оди со превентивен период на тој начин што од страна на полициските службеници возачите претходно ќе бидат предупредувани и ќе им се укаже дека веќе е поставена сообраќајна сигнализација и дека истата мора да се почитува, а ќе им се објаснат и правилата на кружен тек согласно законските прописи.

Законските прописи предвидуваат парична казна од 300 евра, во краен случај и одземање на возачката дозвола.

Г.Лалов

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

|700|525|0{/youtube}

kruzen-tek-1kruzen-tek-2kruzen-tek-3kruzen-tek-4kruzen-tek-5kruzen-tek-6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 173 гости и нема членови


web counter



qr code