Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ednosalterska10.06.2013 За дваесетина дена се заокружува првото полугодие од годината, а наплатата на локалните даноци не е на задоволително ниво. Констатацијата важи и за данокот на имот и за комуналната такса. Тоа, според одделението за даноци такси и надоместоци е резултат и на објективни причини- одржувањето на локалните избори, што го пролонгирало доставувањето на решенијата и опомените. Наплатата на данокот на имот е под 40%.

-Доколку го погледаме соодносот на платени средства од 3 милиони 625 илјади и 426 денари во однос на облогот од 9 милиони 117 илјади и 763 денари за физички лица и 2 милиони 416 илјади и 580 денари за правни лица, се гледа дека досега се прибрани околу 35 проценти -рече Суад Мехмед, раководител на одделението за даноци, такси и надоместоци.

Што се однесува до комуналната такса, на територија на Општината, регистрирани се вкупно 3 453 даночни обврзници. Прибраните средства во општинскиот буџет по овој основ се уште помали.

-Даночниот облог изнесува 8 милиони 135 илјади денари, а кумулативно се прибрани околу милион 285 илјади денари или околу 15% - додаде Мехмед.

Со оглед на тоа што голем дел од правните лица, даночни обврзници престанале да постојат, а се уште не се избришани од Централниот регистар, нереално е да се очекува дека фактичката наплата ќе го достигне даночниот облог. Се предвидува дека во општинската каса ќе се слеат најмногу 70% од тие средства.

Г. Лалов

Сподели

ednosalterska2ednosalterska4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code