Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

odron126.02.2013  Над 40 метри кубни земја и камења исчисти механизацијата на “Македонија пат“ во изминатите 24 часа. Влагата во земјиштето предизвика одрони по коловозите, што ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Освен тоа и дел од локалните патни правци се најдоа под вода од поплавите, па коловозите беа оштетени, заради што сообраќајот беше пренасочуван.

Најкритично беше на патот од Соколарци кон Чешиново каде имаше голема количина вода. Исто така дојде до пробивање на одводниот канал и уништување на проточните цевки Ф-1000, заради што на неколку места во прекин е сообраќајот на делницата од Бања до Соколарци.

Екипите интервенираа и на расчистување на одроните кон браната Гратче, каде на неколку места карпите го покрија коловозот.

 Сообраќајот на магистралниот патен правец А3 од Кочани кон Делчево, во близина на Истибања претпладнето се одвиваше по едната коловозна лента, додека механизацијата работеше на расчистување на одроните. Проблеми со наносите на земја и камења имаше и на делницата Р1 – 304 од Виница кон Берово, посебно на делот после рибникот кај селото Лаки.

На расчистување на патот се работеше и во правец на Пробиштип, во близина на селото Неокази. Механизацијата на “Македонија пат“ претпладнето беше ангажирана и за расчистување на патниот правец кон Пониква каде ноќта наврнаа нови 15-тина сантиметри снег. До 14 часот снегот беше исчистен и сообраќајот се одвиваше во двете насоки.

Поради опасноста од нови одрони од земја и карпи, одговорните во јавното претпријатие апелираат до возачите за зголемено внимание, посебно на правците кон Македонска Каменица, во близина на Истибања и кај браната Калиманци, како и кон Берово пред локалитетот Обозна.

Т. Ајтовски

Сподели

odron2odron3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 203 гости и нема членови


web counter



qr code