Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

deca10.06.2013 Кочанските училиштата секојдневно соработуваат со службите во одделот за вакцинација во Кочани. Информациите од терен се дека има ромски деца кои се на списокот на училиштата да појдат прво одделение, а ги нема на списокот за вакцинација. Тоа значи дека не ги примиле сите дози на потребни вакцини. Има две варијанти велат од кочанските училишта. Оние кои не се запишале во прво одделение, или се иселени од државата или нивните родители не сакаат да ги запишат во училиште. На ниво на Општина има вкупно се 47 деца Роми кои годинава треба да тргнат во прво одделение.

Според реонизацијата најголем број се евидентирани во ОУ „Малина Попиванова“. Од вкупно 36 ромски деца според евиденцијата на училиштето се запишале 19, а 17 се уште не.

Некои од нив, велат од стручната служба на училиштето, ги има во училишниот список, а во списокот на одделот за вакцинација не се пријавени. Стручните служби во училиштето велат дека на тие 17 деца кои не се запишале, им пратиле втора покана на која нема одговор. Третата ќе биде лично доставена до вратата, затоа што голема е веројатноста да се иселени од државата.

Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ до ланската година реонизацијата не се почитуваше со тоа што не се запишуваше ниту едно ромско дете. Годинава ситуацијата е сменета и во прво одделение се запишале 8 деца Роми од улицата Славчо Стојменов во ромското маало, информираа од училиштето.

Во ОУ „Раде Кратовче“ од вкупно евидентирани 18 се запишале 17 деца Роми.

Во ОУ „Никола Карев“ пак годинава на списокот се евидентирани само 3 ромски деца и толку се запишале.

Од училиштата потсетуваат дека за секое непочитување на законот за задолжително основно и средно образование, следуваат казни. За родителите кои нема да го пуштат своето дете во училиште ќе мора да платат казна во висина од 1000 евра. Уписите во основните училишта завршија на први јуни. Но, со цел да се запишат сите деца, од училиштата велат дека и да дојде дете кое не е запишано нема да го вратат.

Т. Велкова

Сподели

 deca2deca3deca5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code