Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Detska-Organizacija10.10.2013 337 првачиња станаа дел до Детската организација. Постарите ученици на летната сцена на Центарот за култура „Бели Мугри“ им подготвија приредба со што на нивните помлади другарчиња им посакаа добредојде и им го честитаа приемот во Детската организација.

Првачињата пак, дадоа заклетва и чесен татковински збор дека ќе ги слушаат наставниците, ќе бидат примерни и вредни ученици и ќе се дружат со другарчињата.

Со приемот во Детската организација првачињата станаа рамноправни со сите деца.

На сцената ги поздрави градоначалникот Димитровски.

-Ја организираме оваа завршна претстава со нашите најмали сограѓани првачињата кои што годинава ги има 337 на број. Тоа е бројка што е зголемена за околу 50 првачиња во однос на минатата година, бројка што покажува еден позитивен тренд за разлика од другите градови од Р. Македонија каде имаме намалување на првачињата. Очекувам дека со овој прием во Детската организација првачињата ќе бидат и формално рамноправно прифатени во училиштата, истакна Ратко Димитровски , градоначалник на Општина Кочани.

Воедно по повод денот на учителот беа прогласени најдобрите учители од Кочани во три категории. Одделенска , предметна настава и од средно образование.

Од основно образование одделенска настава за најдобар учител беше прогласена Анка Соколова , вработена во ОУ „Раде Кратовче“ , наставник со 28 годишно работно искуство во воспитно – образованата работа.

-Во моето наставничко портфолио ми недостасуваше ова големо признание. Горда сум и задоволство ми е што ја добивам од локалната самоуправа и поконкретно од комисијата за образование и наука и од стручни лица кои го следат мојот труд, рече Анка Соколова , најдобар учител во одделенска настава.

Од основно образование предметна настава за најдобар наставник беше прогласена Лилјана Јованова која предава македонски јазик во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со работно искуство во воспитно – образовната работа 18 години.

-Прво би сакала да се заблагодарам на локалната самоуправа која што ми ја добери оваа награда и ја сфаќам како поттик за вложување во себе за во иднина да бидам уште покреативна во својата работа, истакна Лилјана Јовановска, најдобар наставник од предметна настава.

И за најдобар професор во средно беше прогласен Тасе Јаќимовски, професор во СОУ „Ѓошо Викентиев“, електро инженер и дипломиран професор по интердисциплинарни студии по производно техничко образование со 23 годишни работно искуство.

-Оваа награда не е плод на само моја работа, туку на целиот колектив и активот. Тука се вклучени и наставниците и Министерството за образование кое ни ги дава упатствата за нашата работа. Тука ќе го споменам и Центарот за државни натпревари, Бирото за развој на образованието, така да ова не е само мој успех туку на целиот систем, рече Тасе Јаќимовски, најдобар професор во средно образование.

Тројцата наградени во својата долгогодишна работа имаат освоено повеќе награди и признанија на државни натпревари . Се јавуваат и како обучувачи и координатори на обуки и семинари.

Т. Велкова

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

|700|525|0{/youtube}

Detska-Organizacija-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code