Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat-cesinovo14.10.2013  Неосветлениот комбајн што зафатил половина од коловозот на магистралниот патен правец Кочани – Штип најверојатно е причината за сообраќајната несреќа што во неделата околу 19 часот се случи во близина на крстосницата за Кучичино.

Земјоделската машина се движела во правец на Кочани на делницата долга околу половина километар на која нема ниту една кривина. Во еден момент од спротивен правец наишло патничко возило “тојота“ со скопски регистерски таблички во кое имало  четири лица, а возачот не го забележал комбајнот на кој немало светлосни ознаки и го удрил со левата страна.

Во исто време од спротива наишло патничко возило “рено меган“ со кочански регистерски таблички, кое во обид да избегне директен удар го променило правецот и се судрило со “тојотата“. Од ударот сите патници во возилата се здобиле со повреди и се префрлени во кочанската болница.

- Минатата ноќ, после 19 часот беа донесени девет повредени лциа од сообраќајната несреќа кај Чешиново, две од тие лица беа потешко поврeдени и по укажаната неопходна медицинска помош со наша екипа се испратени во Ургентниот центар во Скопје. Четири лица се задржани во Општа болница во Кочани, од кои двајца пациeнти се во шок-соба, двајца се на Хируршко одделение, а тројца пациенти се пуштени на домашно лекување, рече д-р Дејан Апостоловски, директор на Општа болница – Кочани.

По контролата на пациентите во кочанска болница утврдено е дека тие се во стабилна здравствена состојба и не се очекуваат посериозни компликации. Иако со потешки повреди, слична е состојбата и со двајцата пациенти во Скопје.

- Едниот пациент е примен на неврохирургија, а другиот на трауматологија, синоќа беа во стабилна здравствена состојба, колегите рекоа дека не очекуваат таа да се влоши, па сега за сега информациите се поволни, додаде Апостоловски.

Патниот правец Кочани – Штип по целата негова должина е опасен за возење, посебно во ноќните часови во сезоната на жетва на оризот. Неосветлена земјоделска механизација, но и остатоците од кал и слама на коловозот дополнително ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот и се честа причина за сообраќајни несреќи.

И покрај апелите и предупредувањата од полицијата, промени во однесувањето на возачите нема, заради што неопходни се поригорозни мерки и казнување на прекршителите.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code