Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

GI-TO-411.06.2013 На крајот од секоја учебна година школата заедно со учениците подготвуваат јавен час на кој настапуваат без селекција сите ученици . Јавниот час има двојна цел. Родителите да видат до каде стигнале и што работеле нивните деца во текот на целата година и детето кое прв пат настапува да почувствува како е да се настапи на сцена свирејќи на омилениот инструмент.

-Имаме категории во неколку степени. Ученици кои се прв степен па се до шести степен на гитара. Целта ни е да опфатиме се она што во градот е потенцијал а поврзано со инструментот гитара. Сите оние деца кои покажале интерес за овој инструмент да им помогнеме и да ги усмериме на прав пат. Програмата опфаќа од популарна музика до македонски фолклор , изворна музика, до сериозна, класична музика.

Значи се она што е наше и она што е светско за да можеме да го задоволиме сечиј вкус, а децата да научат да препознаваат различни видови правци во музиката, истакна Тоше Филипов, професор по гитара во Школата за гитара „ГИ – ТО“.

Кочани е богато тло кога е во прашање музиката, додаде Филипов. Тоа е докажано уште одамна со постоењето на музичкото училиште и откако постои школата за гитара. Бивши ученици во школата сега веќе се студенти на факултетот за музичка уметност во Штип на отсек гитара.

Салата на Мултикултурниот центар беше преполна со луѓе кои со задоволство ги слушаа песните од Тоше Проески како и познатите ју хитови отсвирени од рацете на учениците.

Т. Велкова

Сподели

 GI-TOGI-TO-3GI-TO-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code