Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Drzavna-Matura11.06.2013 Во петокот се полагаше македонски јазик , првиот дел од државната матура. Во вториот дел учениците полагаа странски јазици и математика основно и напредно ниво. Тестатори беа професори од двете средни кочански училишта. Полагањето го следеа претставници од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и од Државниот просветен инспекторат.

-Кај нас се пријавија 156 ученици кои што полагаат англиски, германски и француски јазик и математика основно ниво. Распоредени во 14 училници, исто толку тестатори од СОУ „Ѓошо Викентиев“. Материјалите стигнаа навреме и беа предадени на тестаторите , беа проверени испитните простории и полагањето започна навреме во 10 часот и 15 минути. Немавме никакви проблеми од технички и организациски карактер. Сите ученици се јавија на полагање , освен двајца кои се надвор од државата, истакна Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Без проблеми помина државната матура и во другото средно училиште „Ѓошо Викентиев“. Директорот Димче Сребренов информираше дека македонски во петокот полагаа 93 ученици. Математика основни ниво 38 и англиски 55. Во ова училиште следува полагањето на интерните завршни испити.

Инаку и двете училишта ги очекуваат резултатите од екстерното оценување, по што ќе следува внесување во евиденцијата на училиштето, пишување на свидетелства. Уписите се на 25 и 26 јуни. На почетокот на јули ќе се сумираат резултатите од државната матура.

Од министерството за образование најавуваат дека приоритет во иднина ќе биде да се спроведе проектот Е- матура според кој полагањето ќе се одвива по електронски пат , како што се полагаа тестовите за екстерното оценување.

Т. Велкова

Сподели

 Drzavna-Matura-3Drzavna-Matura-4Drzavna-Matura-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 150 гости и нема членови


web counter



qr code