Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pat315.10.2013  Прв приоритет за источниот дел од државата во наредниот период ќе биде изградбата на автопатот Миладиновци – Штип, со што овој регион ќе добие квалитетно сообраќајно поврзување со главниот град.

Такви се ставовите на Министерството за транспорт и врски, каде веќе се планирани шесте главни патни насоки што треба да се реализираат на територијата на целата држава.

Иако пред околу една ипол година се најавуваше дека се изработува физибилити студија за автопатско поврзување и на Кочани и Виница, сега таквата можност не се споменува. Во замена на тоа се најавува само проширување на постојниот коловоз.

- Прв приоритет за Источна Македонија е изградба на автопатот од Скопје до Штип, потоа реконструкција и проширување на патот Велес – Кадрифаково, веќе се започнати градежните работи таму, а паралелно со економскиот тим на Владата работиме на озбезбедување пари за патниот правец од Штип до Кочани, што е дел од нашата програма. Во наредниот период ќе продолжиме со 150 локални патни правци на териотиријата на цела Македонија што треба да ги завршиме во периодот 2014-2015, рече Миле  Јанакиески, министер за транспорт и врски.

Според најавите, коловозот меѓу Штип и Кочани треба да добие трета лента, со што ќе се овозможи побрз проток на возила и надминување на сегашните тесни грла. Сепак, од изјавата на министерот Јанакиески може да се заклучи дека овој план ќе се реализира ако се обезбедат финансиски средства. Дотогаш вниманието е насочено само до Штип.

- Тој патен правец е дел од нашата програма, им го имаме ветено на граѓаните, законот веќе е во Собрание, очекувам  дека пратениците ќе го изгласаат, по што следи процес на потпишување на договор и период до три месеци во кој треба да се ангажира поголем број на работна сила и голема механизација за да започнат градежните работи, додава министерот Јанакиески.

Со изјавата на Јанакиески станува јасно дека Кочани отпаѓа од плановите да се поврзе со автопат. Претходно се најавуваше дека осовременувањето на сообраќајната инфраструктура во Источна Македонија ќе се базира врз проширувањето на македонско-кинеската соработка.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code