Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet611.06.2013  Без многу дилеми и дискусии помина четвртата седница на Советот на општина Кочани, на која главна точка на расправа беше приоритетниот проект за асфалтирање на улица во населбата Оризари.

Всушност и одржувањето на самата седница беше изнудено поради краткиот рок за аплицирање за добивање пари од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Се работи за главна, кејска улица во населбата, лоцирана на левата страна од Оризарска Река, со чие комплетирање ќе се реши инфраструктурното поврзување со Кочани.

- Дел  од оваа улица “Гоце Делчев“,  во должина од околу 340-400 метри  е отпочнат, тампониран е, има ставено рабници, што значи е дојдено до завршна фаза каде треба да се реши проблемот со атмосферската и водоводната канализација така што дел од овие средства ќе бидат искористени за таа намена, а се надевам дека и со овие средства што ќе бидат одобрени од Агенцијата ќе се искористат за да се направи целата улица до фабриката, рече Лазо Митев, член на Советот  на Општина Кочани.

Со  оглед на важноста од реализација  на проектот, советникот Митев побара од своите колеги да го поддржат, без  разлика на која политичка опција и припаѓаат. Таквата поддршка дојде и од опозицијата.

- Ние  ќе гласаме позитивно, ќе дадеме  согласност бидејќи станува збор  за интерес што го имаат  граѓаните од нашата општина, посебно од населбата Оризари, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот  на Општина Кочани

Советниците побараа од Локалната самоуправа почесто да аплицира со проекти за финансирање од државниот буџет, при што да се има предвид и бројот на корисниците кои ќе имаат корист од нивното реализирање. Исто така, беше речено дека освен овој, слични такви проекти за финансиска поддршка треба да се поднесуваат и за останатите селски населби во Општината.

Т. Ајтовски

Сподели

sovetUlica-Goce-Delcev-Orizari5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code