17.10.2013 Натпреварот од шестото коло во Женската фудбалска лига носи повеќезначност на предзнакот дерби, локално, дерби на колото, дерби на првенството.
В пресрет на пресметката в недела меѓу единствените две непоразени екипи на врвот од табелата, во двата табора владее позитивна атмосфера и желба за надигрување.
-Значи нашата екипа е психофизички подготвена, а ова е интересен натпревар како и сите досегашни меѓу двете екипи. Секој спортист очекува победа. Ние веруваме во нашата екипа, знаеме дека вредиме, дека имаме квалитет да извојуваме победа, а фаворитската улога ќе ја препуштиме на ЖФК „Кочани“-рече Сашко Иванов, тренер на „Иднина С“.
-Што се однесува до ЖФК „Кочани“ за натпреварот во недела можам да истакнам дека здравствениот билтен е добар. Тој натпревар ќе го одлучи момент на инспирација, знаеме дека ќе биде доста тежок и неизвесен и се надеваме дека ќе биде фер и коректен. Нека победи подобрата екипа-порача Оливер Јовановски, тренер на ЖФК „Кочани“.
Во успех за своите екипи веруваат и фудбалерките Драгана Ангелова од ЖФК „Кочани“и Бојана Стојанова од „Иднина С“. Двата колектива упатија апел за што поголема посетеност на натпреварот што се игра со почеток во 11.00 часот на игралиштето во Оризари.
Канал 8 како партнер на женскиот фудбал со слика ќе биде присутен и од теренот во Оризари. Викендов се игра комплетното 6 коло во Женската фудбалска лига.
Извршена е и ждрепката за натпреварите во Втората македонска футсал лига. Новоформираната екипа „Кочани“ ќе стартува на домашен терен, во новата спортската сала во ОУ „Никола Карев“. Првиот натпревар е закажан за 26 октомври, а кочанскиот претставник за противник ќе ја има екипата на „Фи-Фи“ од Пробиштип.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
|700|525|0{/youtube}23°C
Кочани