X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

znaci211.06.2013  Состојбата со сообраќајните знаци и другата патна сигнализација во Општината не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај.

Со таква забелешка излегоа советниците, барајќи да се преземат мерки за подобрување на ситуацијата. Рекоа дека дел од знаците се оштетени, украдени, а некои искорнати заедно со столпчињата на кои биле поставени. Освен тоа, недостасуваат и сообраќајни обележја на повеќе сообраќајници во дел од новите населби во градот.

- Има недостаток од сообраќајни знаци или оние што веќе се поставени на многу улици во градот се уништени, тргнати и однесени, а не се поставени нови. Во новата населба “Бејрут“, каде што се оние попречни улици, до ден-денес нема поставено сообраќајни знаци, рече Спиро Георгиев, член на Советот на Општина Кочани.

Од општинската администрација се согласија дека појавата за уништување и крадење на сообраќајната сигнализација  е загрижувачка. Иако се распишуваат тендери за набавка и замена на оштетените и украдени знаци, состојбата не може да се подобри преку ноќ.

- Ние направивме попис и сега се подготвува тендер за набавка на нови знаци. Но, морам да кажам дека 120 сообраќајни знаци во општина Кочани се украдени  и тоа не само знаците, туку и држачите на кои биле поставени, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

По завршувањето на тендерот за набавка  на нови сообраќајни знаци, на сите места каде тие се уништени или недостасуваат, ќе бидат обновени.

Од Општината е упатен повик до граѓаните доколку забележат уништување на сообраќајната сигнализација и другата урбана опрема, тоа да го пријават кај надлежните служби и органи.

Т. Ајтовски

Сподели

znaciznaci3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click