Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani318.10.2013  Во Кочани нема можност да се купи сувенир како карактеристика за градот, ниту пак постои обележје што соодветно изработено може да го претстави пред домашните и странските туристи и посетители.

Досегашните обиди таквата состојба да се поправи до сега биле повремени, кампањски, траеле краток период и најчесто завршувале со печатење разгледници, скромни каталози или сувенири што не биле негово директно обележје.

Сепак, потребата од изработка на класичен сувенир на Кочани постои, а истовремено треба да се изнајде соодветен продажен простор каде тој би се нудел. Забелешка за слабата активност на тоа поле имаше и на седницата на Советот.

- Кога некој намерник ќе го посети овој град му останува да направи некоја фотографија или да сними со камера по свој избор, како потсетник дека бил овде, но не може да купи сувенир од Кочани затоа што го немаме, рече Костадин Галачев, член на Советот  на Општината.

Галачев рече дека можностите да се купи сувенир или некаков предмет со обележје од Кочани сега се ограничени, односно  постоел само еден сувенир што бил релативно скап. Затоа тој даде свој предлог како да се реши потребата.

- Да распишеме јавен конкурс за изработка на ликовно и вајарско дело со вакви предмети кои ќе бидат наградени и јавно откупени. Второ, во наредна фаза можеме да сметаме на отворање продавница за сувенири од Македонија, но пред се од Кочани, додаде Галачев.

Советниците ја одобруваат иницијативата на Галачев, но рекоа дека таа не е нова. Веќе се работело на слична идеја што  наскоро треба да најде и практична реализација.

- Да ви навестам дека Комисијата за еднкави можности меѓу жените и мажите изработува акционен план и токму во него, како активност, како предлог се појавува идеја за отворање на една таква “џиџимиџарница“ каде ќе се најдат сувенири од нашиот град, ќе се промовира градот преку разгледници и слични работи како сувенири, рече Марија Ананиева, член на Советот на Општина Кочани.

Замислата на Комисијата за еднакви можности, додаде Ананиева е во оваа активност да бидат вклучени социјално загрозени лица, инвалиди и слични категории на граѓани, што дополнително треба да се разработи во акциониот план. По неговото комплетирање тој ќе се најде на разгледување пред Советот, а по усвојувањето ќе може и практично да се реализира.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code