Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Divogradbi-111.06.2013  Општина Кочани е шампион во Источниот регион според бројот на регистрирaни дивоизградени објекти во текот на минатата година. Според податоците од Државниот завод за статистика, инспекциските органи откриле вкупно 33 случаи во кои сопствениците се обиделе да изградат објект без да ја обезбедат соодветната документација за тоа.

Најголем број од дивоградбите, дури 12, се помошни објекти, а во 7 случаи се работи за започнати нови објекти за домување. Кај 6 објекти била регистрирана надградба или доградба без да биде обезбедена соодветна дозвола. Останатите бесправни објекти се тераси, настрешници, времени објекти, а во еден случај имало обид за дивоградба на деловен објект.

Од дивоградбите за домување сите се со станбена намена, односно не се регистриани објекти за одмор и рекреација или делумно домување.

Веднаш по Кочани најмногу дивоградби во регионот се откриени во Штип, вкупно 22, а потоа следуваат Берово со 16, и Виница и Пробиштип со по 14 објекти. Карактеристично за другите општини е што во најголем број случаи се работи за доградби и надградби на постоечки објекти, а многу помал е процентот на градби што би служеле за домување или пак целосно нови бесправни објекти.

Најголем број од бесправно изградени објекти во регионот, односно над 98% се во приватна сопственост.

Бројките покажуваат дека и покрај олеснетите услови за легализација на дивоградбите и зајакнатите контроли и услови за бесправна градба, дел  од граѓаните повторно се одлучиле на градежни активности без да обезбедат одобренија од надлежните служби. Таквиот тренд се објаснува со лошата материјална положба во која се наоѓаат семејствата и немањето финансии градбата на објектите да ја спроведат по регуларен пат.

Т. Ајтовски

Сподели

Divogradbi-2Divogradbi-4Divogradbi

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code