Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zetva zito112.06.2013  Само што започна, жетвата на јачменот привремено е запрена. Поради обилните врнежи од дожд, комбајните што кон крајот на минатата недела влегоа во нивите, од почетокот на оваа мораат да мируваат.

Сепак, земјоделците не се премногу загрижени поради тоа, туку повеќе се потпираат на проценките каков ќе биде родот. Велат дека просечно по декар засеан со јачмен вложиле по околу 2200 денари. Повеќето од нив се надеваат дека ќе имаат добри приноси, што ќе им го оправда трудот, но и вложените пари.

- Што се однесува до житото, ќе има, јачменот е добар нема што да се прави муабет... Очекуваме од еден ар една вреќа, највеќе... Просек ако гледаш, нивите се многу добри, и убав принос ќе има, обавезно, само да не удрат ветришта, град, супер ќе биде, рекоа земјоделци.

Земјоделците велат дека дождовите само за кратко го попречиле навременото собирање на реколтата од житата, кои во кочанскиот регион се засеани на околу 3000 хектари.

Нивна оценка е дека временските прилики од изминатите неколку денови нема негативно да се одразат на квалитетот на родот, односно на намалување на приносите.

- Само ветерот да не ги бутне житата на земјата и да се подмладат, пченицата посебно, а за јачменот не. На јачменот нема да му пречи, а пченицата може да се подмлади ако полегне... Добро е, сега за сега е добро, дождот е добредојден, рекоа земјоделци.

Јачменот веќе е ожнеан на повисоките ниви, а со подобрувањето на временските прилики ќе продолжи и на останатите површини. Жетвата на пченицата пак, се очекува да стартува за десетина дена.

Сепак, главоболка на производителите за сега не им се временските прилики. Велат, многу повеќе размислуваат за откупните цени, затоа што очекувале тие да не бидат под 15 денари за килограм. Сега чекаат каков ќе биде договорот меѓу мелничарите и претставниците од Министерството за земјоделство за да видат дали есапот дома, ќе им се поклопи со оној на пазарот.

Т. Ајтовски

Сподели

zetva zito3zetva zito2zetva zito4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code