Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

elektronska zdravstvena312.06.2013  Уште две  недели остануваат за поднесување барања за електронска здравствена  картичка.

Подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување ќе го продолжи работното време до 19 часот во работните денови, со цел сите осигуреници кои немаат поднесено барање тоа да можат го сторат и во попладневните часови.

За да се избегнат недоразбирања и создавање непотребни турканици, оттаму ги известуваат граѓаните дека службата ќе работи само за прием на барањата за картичка, а не и за останатите тековни активности на Фондот.

Според информациите, издавањето на електронските здравствени картички оди без проблеми. Картичките за пензионерите се готови и тие можат да ги земат по претходна уплата. Барањата за издавање нова картичка осигурениците може да ги доставуваат до Подрачната служба каде има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата.

Од почетокот на месецот на сите големи и средни претпријатија, кај кои вкупенниот број вработени е над 20 лица им беше овозможено за издавање на електронска здравствена картичка да поднесуваат групни барања и уплати, како за своите вработени, така и за членовите на нивните семејства. Поради можните несовпаѓања на бројот на вработени лица во евиденцијата на претпријатијата и во евиденцијата на Фондот, постапката се олеснува со воведување на претходна електронска проверка на валидноста на податоците.  
 
Од Фондот ги повикуваат сите правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање електронска здравствена картичка тоа да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ. Законската регулатива предвидува сите осигуреници да имаат нова картичка заклучно со 30 јуни годинава.

Т. Ајтовски

Сподели

elektronska zdravstvena1elektronska zdravstvena2

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code