Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vikendici ponikva25.10.2013  Над 200 нови парцели за изградба на викенд куќи планира да добие кочанската Локална самоуправа во спортско-рекреативниот центар Пониква во наредниот период.

Според планирањата, освен парцелите за изградба на викендички, предвидени се и придружни содржини, како паркинг простор, сообраќајници, заштитно зеленило и друга инфраструктура. Интерeсот кај купувачите до сега беше голем, иако цените по метар квадратен што се постигнуваат на последните наддавања се многу пониски од првите огласи што се објавуваа лани.

Сепак, тоа не ги става во дилема одговорните во Општината од каде најавуваат дека ќе продолжат со урбанизирањето на државното градежно земјиште што се наоѓа на територијата на општината.

- Понатаму  ќе имаме дополнително урбанизација за целиот овој дел за кој  што сметам дека е доста атрактивен. Ќе имаме уште преку 200 плацеви на територијата на општина Кочани, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Последниот 12-ти оглас за продажба на градежно земјиште што го објави Општината се уште не е завршен. Со него, меѓу другото  предмет на продажба беа и 7 парцели за викендички, како и две парцели за изградба на објекти за времено сместување, односно хотели.

Минатата  година советниците изгласаа одлука за донесување детален урбанистчки  план за нова викенд населба во близина  на некогашниот ски лифт број 2. Со тоа се продолжи постојната викенд населба што се наоѓа во катастарските општини Јастребник и Полаки.

Вкупната површина на просторот што се продаваше беше околу 5 хектари, а не него веќе се изградени повеќе од половина од предвидените 60-тина објекти.  

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code