Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Bazen12.06.2013 Се подготвува градскиот базен. Откако се испразни водата, екипи на КЈП „Водовод“ го чистат пред да биде пуштен во употреба.Според одговорните, отворањето било планирано за викендов, но поради временските прилики истото е одложено најверојатно за в понеделник, повторно во зависност од метеоролошките услови.

Градскиот базен се нуди како одлична варијанта за релаксација и опуштање, барем за оние кои нема да отпатуваат некаде на море. Покрај големиот, и летово во функција ќе бидат двата помали базена за најмладите во долниот дел од комплексот.

Базенот годинава нема да понуди нови содржини. Освен трските за сенка, се размислува само за евентуално поставување на чадори како и лани. Засега утврдена е цената на влезниците, 50 денари за редовните посетители, со поволности за организираните групи на ученици.

Базенот во текот на летниот период го користат пливачките школи во градот, како и стотици посетители кои бараат разладување од горештините.

Додека кочанци во жешките денови кои претстојат ќе можат да се разладуваат во базенот, летово ќе останат скусени од ноќните забави во дискотеката. Поради пропаднатата лицитација, КЈП „Водовод“ нема да ја издава дискотеката на користење. Таа нема да функционира ниту повремено, како што тоа беше лани за гостувањата на естрадни ѕвезди во рамки на манифестација „Град на културата“. Не е прецизирано дали ќе се издава објектот за сендвичарница и шанковите, кои евентуално би работеле само преку ден, за што ќе се одлучува следната недела.

Иако долго по изградбата, комплексот „Зорик“ изгледаше атрактивно, со исклучок на спортските терени последните неколку години е прилично запуштен. И објектот што требаше да има услужна дејност остана изграден до карабина и никогаш не се стави во функција.

Г. Лалов

Сподели

 Bazen-1Bazen-4Bazen-7

Bazen-2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 262 гости и нема членови


web counter



qr code