25.10.2013 Во четвртокот официјално стартуваше традиционалниот кочански панаѓур.
Тој и годинава останува сиромашен во делот на она што го нуди. Со реквизитите и нишалките кои годинава им се на располагање на граѓаните кочанскиот панаѓур не може ни да се спореди со панаѓурите кои се организираат во некои поголеми центри.
Со вакви реквизити во ниеден случај не би можел да се покачи адреналинот како што би се очекувало од секој панаѓур.
Се што им е на располагање на кочанци е веќе видено и исто во изминатите десетици години.
Но, како и да е сепак најмалите ќе уживаат и ќе се задоволат со тоа што им се нуди годинава, така да возрасните барем ќе можат да разгледаат тоа што тезгаџиите го нудат на тезгите или пак во најмала рака да си купат одредени производи по поевтина цена.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}