Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ulica-Orce-Nikolov113.06.2013 Со секој  поголем дожд или снег жителите на дел од улицата “Орце Николов“ под каналот кај “Сиви дом“ остануваат заробени во своите домови. Велат дека тогаш тешко можат да излезат од дворовите, затоа што коловозот е целосно поплавен и каллив.

250 метри долгиот крак од улицата со децении го има истиот изглед како кога ја започнале градбата на нивните куќи.

- Чизми треба да облечеш за да излезеш. Прекрасен двор имам, секој ден треба да се мие со вода, инаку не се оди, деца на школо треба да одат. А зимно време да се дојде има што да се види, ниту кола да помине, ништо не може, рече Станка  Ангелова, жител на улицата “Орце Николов“.

- Ние сме вселени овде во куќата веќе 30 години, пред некоја година беше направен еден дел, а овој наваму, може да има 300 метри таму до мојата куќа, постојано е така, кал газиме 30 години. Потпишувавме неколку пати и петиции до Општината, и до претходниот градоначалник и до овој, не се одзваа на нашето барање, останавме така, рече Дејан Манчовски, жител на улицата “Орце Николов“.

Пред извесно време службени лица врешеле некакви мерења на улицата, но оттогаш никој не се појавил да каже дали нешто ќе се гради. Кракот од улицата најверојатно ќе бара и неколку помали потпорни ѕидови, како и довршување на дел од канализацијата.

Од Локалната велат дека не ја заборавиле и “Орце Николов“ и други улици што чекаат на изградба.

- Општина Кочани во моментот подготвува проектна докуменатција за повеќе улици во градот. Бидејќи сакаме да земеме кредит од Светската банка, по неговото одобрување ќе биде планирана и улицата “Орце Николов“, како и улицата “Димитар Лазаров“ и другите во месноста “Бејрут“, рече Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам.

Жителите на “Орце Николов“ се надеваат дека Општината конечно ќе ги реализира ветувањата, што може да биде и повод за мало славје.

- Цело маало ќе частам само патот да ни се направи, рече Станка Ангелова, жител на улицата “Орце Николов“.

До крајот на оваа година кракот од улицата треба да влезе во програмата за изградба. Жителите се надеваат дека асфалтот ќе биде послан пред почетокот на есенските дождови.

Т. Ајтовски

Сподели

Ulica-Orce-Nikolov2Ulica-Orce-Nikolov4Ulica-Orce-Nikolov6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

5°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: SE при 4 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 199 гости и нема членови


web counter



qr code