Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nevesti-228.10.2013 Невестите кои стапиле во брак оваа година, во саботата ден пред чествувањето на празникот Петковден го посетија православниот храм „Св. Вмч. Ѓорѓи“.

Дојдоа заедно со своите свекрви и мајки и ги запалија свадбените свеќи. Се служеше вечерна богослужба во сабота, а на празникот во недела божествена литургија.

-На овој ден дојдовме да ги запалиме свеќите од свадбата. Дојдена сум со мојата свекрва и многу убаво се чувствувам, рече Мирјана Ѓорѓиева, верник.

-Денеска доаѓаат снаите на црква. Месат погача за здравје и носат вино. Мајка Параскева им дарува пород и здравје, рече Стојка Цекова, верник.

Иако свештениците истакнаа дека традицијата налага невестите на овој ден да бидат облечени во невестински фустан, сепак годинава немаше ниту една таква, но затоа пак го испочитуваа адетот да дојдат да се помолат за здравје и да ги донесат свеќите да догорат.

Инаку празникот Петковден за многу семејства претставува семејна слава, бидејќи култот кон Света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Т. Велкова

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

nevesti-5nevesti

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code