Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Otpor pred socijalno 526.02.2013 Со транспаренти и пораки со поддршка на Миле Андонов, отпорот на опозицијата се слеа пред Фондовите за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување. Овие институции не биле одбрани случајно, оти според здружената опозиција секој граѓанин ги чувствува последиците од нивното лошо работење.

- Две институции кои овие години не влеаја доверба и сигурност и не понудија подобри сервисни услуги за граѓаните на Кочани и Македонија, вклучувајќи го и кочанскиот Медицински центар кој некогаш беше регионален центар од овде до бугарската граница, а денес се сведува на мала или поголема јавна здравствена установа, рече Миле Андонов.

Според него, лекарите и медицинскиот персонал не се виновни што граѓаните  не ги добивале потребните услуги, туку владината политика во здравството.

Смета дека наместо да се  развива медицинскиот центар, тој се соочува со недостаток од специјалисти, медицински и друг персонал, а се полни со партиски вработувања на возачи, градинари, обезбедувачи, чистачи и мајстори за сервис.

Критиките на опозицијата кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување  се однесуваат на тоа што, според нив,  6500 пензионери во Кочани секојдневно  стравуваат дали навреме ќе  ги добијат  пензиите.
 
  -Тие секојдневно барем од 20-30 во тековниот месец ги следат вестите и сакаат да слушнат дека оваа Влада се задолжила 20, 30 или 50 милиони евра, за меѓу другото да им се исплатат пензиите. Наместо тоа, граѓаните сакаат да слушнат информации за отворање нови работни места, кои реално ќе го полнат пензискиот фонд, рече Андонов.
 
  Отпорот на Сојузот за иднината ќе продолжи и во наредните денови пред други подрачни единици на централните, како и пред локалните институции.
 
 Г. Лалов
 
Сподели
 
 
Otpor pred socijalno 2Otpor pred socijalno 3Otpor pred socijalno 8
Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code