Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ulica-Krum-Vrninski513.06.2013  Градежна  механизација го започна расчистувањето на теренот и рамнењето на коловозната површина од улицата “Крум Вранински“. Со тоа стартуваа активностите за нејзина целосна изградба и асфалтирање.

По неодамнешното потпишување на договорот со Локалната самоуправа, фирмата “Урбан инвест“ од Кавадарци го испочитува рокот за почеток на градежните работи и навремена реализација на договорените задачи.

На лице место дојдоа и претставници од Oпштината и од финансиерот за да направат увид.

- Денеска имаме  посета, во контрола се дојдени  финансиерите, претставници од Светска  банка. Ние веќе започнавме  со подготвителните работи за  асфалтирање на улицата “Крум Вранински“. Фирмата “Урбан инвест“, која го доби тендерот, извршува подготовки на теренот, се изработува т.н. постелка за улицата, до сега немаме некои проблеми, па очекуваме дека и понатаму работите ќе течат во најдобар ред, рече Влатко Димитров, раководител на Секторот за урбанизам.

За целосно комплетирање на улицата ќе бидат потрошени над 55 илјади евра, пари што Општината ги доби како грант од Светската банка. Оваа улица е еден од приоритетните инфраструктурни проекти за оваа година, а на нејзино асфалтирање се чекаше подолг период.

Според најавите од Локаланта самоуправа се очекува целосното асфалтирање на улицата да заврши за околу еден месец, односно таа да биде предадена во употреба пред Петровден.

Т. Ајтовски

Сподели

Ulica-Krum-Vrninski4Ulica-Krum-Vrninski1Ulica-Krum-Vrninski3Ulica-Krum-Vrninski2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 203 гости и нема членови


web counter



qr code