30.10.2013 Давор Пушов стана државен шампион во бодибилдинг на годишниот избор на атлета на Македонија или Државното првенство во бодибилдинг, фитнес, бикини и бенч прес.
Тој златниот медал го освои во младинска конкуренција, додека Иван Апостолов се закити со бронза.
21 годишниот Пушов веќе има позначајно искуство зад себе со настапот на Европското Првенство во Бачка Паланка, Србија каде беше вицешампион. За 18 годишниот Иван Апостолов, пак, ова беше прво поголемо натпреварување.
Изборот се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Манифестацијата ја организираше охридскиот бодибилдер Гоце Мојсоски во соработка со Агенцијата за спорт и млади и Боди-билдинг федерацијата на Македонија, а покровител беше Општина Охрид.
Специјални гости на изборот беа европскиот шампион Зоран Колевски и ветеранот во бодибилдингот Јовче Василевски.
Следниот голем предизвик за Пушов ќе биде Балканското првенство во Врање, додека Апостолов се подготвува за други меѓународни учества.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube} |700|525|0{/youtube}