Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Detonator113.06.2013  Една година по апсењата и изрекувањето на обвиненијата, заврши судскиот процес “Детонатор“.

Останува да се изнесат завршните зборови на обвинителството и одбраната, по што до крајот на јуни во Основниот суд - Скопје треба да биде донесена пресудата против 16-мината обвинети. Двајца уште од разоткривањето на случајот беа надвор од државата и недостапни за истражните органите.

За сите нив јавното обвинителство побара затворски казни, тврдејќи дека се виновни по сите наводи од обвинението. Лицата, главно од Кочани, Виница, и Крива Паланка пред судот одговараа за кривично обвинение што ги товареше дека оформиле група која применувала насилство, лихварство, перење пари, затајување данок, но и за недозволено организирање игри со покер апарати.

Сепак, пресудата  што треба да ја донесе Судот ќе се однесува само на дел од обвинението, односно за изнудување, рекет, физичко насилство и обид за убиство. За покер апаратите, што беа запленети како дел од акцијата “Детонатор“, ќе се оди на нов судски претрес. Обвинението во тој дел ги товари обвинетите за нелегално финансиско работење, односно за прикривање данок и перење пари, со што заработиле 10 милиони евра. 

Во текот  на судскиот процес, одбраната бараше повлекување на  обвинението и запирање на целата постапка заради недостиг од докази. Неофицијално, на таков начин ќе се излезе и при искажувањето на завршните зборови по претресот.

Случајот “Детонатор“ беше разоткриен на почетокот на април минатата година. Во големата полициска акција уапсени и притворени беа 14 лица.

Во исто време, како дел од акцијата што ја презеде полицијата, кривично обвинение беше подигнато и против поранешниот командир на кочанската полициска станица Ванчо Тодоровски и неговиот помошник Санде Стојменов за кои внатрешната контрола на МВР имаше сомнение дека ја злоупотребувале службената должност. Судскиот процес против нив двајцата започна годинава и се води поодделно, во судот во Кочани.

Т. Ајтовски

Сподели

DetonatorDetonator2Detonator 3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 274 гости и нема членови


web counter



qr code