Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bazen413.06.2013  На социјaлно загрозените семeјства, приматели на социјалнa помош и невработените, не им е дојдено да ги запишуваат децата на курс по пливање.

Oпштината организира бесплатни обуки за учениците од 8 до 12 години, но за нив немало никаков интерес.

-Затоа, ние повторно ги повикуваме  заинтересираните родители на  учениците, да ги пријават во  едношалтерската канцеларија, затоа  што курсевите по пливање се  бесплатни. Ќе започнат на 1 јули, а ќе се одвиваат на градскиот базен, рече Голубина Георгиева, советник за образование во Општина Кочани.

За пријавување на курсот не постојат никакви критериуми. Доволна била само желбата на родителите нивните  деца да научат да пливаат и да достават потврда дека еден од нив е примател на социјална помош или се води како невработено лице во Агенцијата за вработување. И минатата година на конкурсот биле пријавени само десетина деца, но нивниот број се зголемил потоа.

-Со самото отпочнување на  курсевите се пријавија уште  неколкумина и се формираше група со солиден број на кандидати, додаде Георгиева.

Огласот за пријавување на бесплатните  курсеви по пливање трае до 20 овој месец.

Г. Лалов

Сподели

bazen5bazen2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code