Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kruzen-tek-asfalt01.11.2013  Нов асфалтен слој добива коловозот на кружниот тек кај Полициската станица. Со тоа завршуваат градежните работи, што започнаа на крајот од август.

Претходно, градежната компанија Стоименов  ја комплетираше изградбата на ротондата со поставување парапет, обложен со камени плочки. Исто така, во нејзината внатрешност е поставена потребната електрична и водоводна инсталација.

Кружниот тек е исполнет со земја, а  во средината има бетонска основа за метален столб за осветлување. На дел од коловозот во непосредна близина на новото сообраќајно решение е поставена камена коцка, а остатокот е асфалтиран.

Како дополнување на околината на кружниот тек, изградени се нови пешачки островца, како и соодветни спуштени премини за лицата со инвалидитет и отежнато движење. Исто така, внатрешноста на ротондата ќе добие хортикултурно уредување, со внатрешно осветлување.

По асфалтирањето ќе биде поставен столбот за улично осветлување, а ќе се изврши и обележуваае на хоризонталнат сигналзиација. Дополнително ќе бидат монтирани и соодветните сообраќајни знаци, како предупредување за возачите и другите учесници во сообраќајот. За изградба на кружниот тек беа планирани 4 милиони денари, пари што се обезбедени од буџетот на Општината.

Останува по изградбата на новото решение возачите да се навикнат на него, но и да се потсетат на сообраќајните прописи што важат за кружен тек, за да избегнат полициски казни од 300 евра за непочитување на предноста на минување.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 90 гости и нема членови


web counter



qr code