Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Krvodaruvanje-Policija13.06.2013 Втора крводарителска акција годинава спроведе Полициската станица од Кочани. Успешна е затоа што и на оваа акција се пријавија околу 25 крводарители вработени во кочанската полиција.

-Досега имам дарувано 40 пати крв. Среќен сум кога спасувам човечки живот и затоа ќе продолжам и понатаму со дарување на скапоцената течност, рече Тони Каров, крводарител .

Полициската станица од Кочани во текот на годината спроведува три кирводарителски акции преку кои вработените во полицијата ја покажуваат својата хуманост и ја даруваат скапоцената течност.

-Според календарот на полицијата за дарување крв до крајот на годината ќе спроведеме уште една крводарителска акција. Таа е планирана за октомври, истакна Јордан Стојанов, виш инспектор за превенција.

Измената во спроведувањето на акциите е тоа што досега крв можеа да даруваат и граѓани кои не се вработени во полицијата. Од неодамна граѓаните таа можност ја немаат, туку скапоцената течност можат да ја даруваат единствено секој последен четврток од месецот кога во Црвениот крст во Кочани се организира редовна крводарителска акција. Акција ја спроведоа службите од трансфузиологија од Штип.

Т. Велкова

Сподели

Krvodaruvanje-Policija-2Krvodaruvanje-Policija-4Krvodaruvanje-Policija-3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

17°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 303 гости и нема членови


web counter



qr code