Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sdsm vinica04.11.2013  Еден месец по изборот на Ивица Димитров за претседател на СДСМ во Виница, се комплетира и новото раководство на партијата на локално ниво.

Осумнасет претежно млади членови влегоа во новиот Извршен одбор на Општинската организација на партијата. Нивниот избор се случи на неодамнешното изборно собрание на кое партиските делегати едногласно им ја дадоа поддршката, со задача во наредниот мандат да го консолидираат партискиот огранок и да го подготват за претстојните активности.

Истовремено со изборот на новиот Извршен, се комплетираше и Надзорниот одбор. Во него влегоа пет члена, од кои неколкумина се со подолг партиски стаж.

При изборот и на двете тела на партијата запазен е балансот во родовата припадност на членовите. На изборното собрание, на кое присуствуваше и пратеникот Миле Андонов, за нов секретар на партијата во Виница е избрана Славица Шуманска Митева.

Задача на новото раководство, како што беше речено и по неодамнешниот избор на новиот претседател, ќе биде да се изготви нова програма што граѓаните треба да ја прифатат. Една од главните задачи во неа ќе биде создавањето можности и услови за работен ангажман на младите луѓе со што ќе се намали иселувањето од општината.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 167 гости и нема членови


web counter



qr code