Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maturanti1113.06.2013 Возбуда, воздишки, искрени и срдечни прегратки и евоцирање спомени - вака изгледаше средбата на соучениците од првата генерација ученици од средното тогашно индустриско училиште „Ѓошо Викентиев“ , кои во хотелот Гратче го одбележаа златниот јубилеј - 50 години од матурата. Во нивно време било луксуз да се запишеш во средно училиште, се сеќаваат учениците. Од 41 ученик на средбата присуствуваа   само 11.

Поранешните соученици, сега на возраст од 68-69 години, на средбата дојдоа дотерани и елегантни, насмеани и среќни. Со себе ги понеле сликите од претходните прославувања, од собиранки, како и таблото од 1963 година. Генерацијата е горда што од нивните редови излегле успешни луѓе. На средбата беа присутни и професорите.

-За мене оваа средба претставува празник на душата. Во тоа време немавме услови за да го изучуваме ученикот, но тие сепак одеа на училиште. Сегашните ученици имаат се , па дури и учебници на располагање. Јас сум горд на моите ученици. Сега се видни и успешни луѓе, истакна Изјава на Трифун Серафимов, професор во пензија.

-Во тоа време учевме во подрумските простории. Всушност имаше само една просторија во која се учеше. Ги обучувавме да работат во погонот во фабриката „Руен“. Добро се сеќавам на моите ученици, но не сум весел што животот брзо одминува и од 41 сега се само 11, рече Методи Дечовски , професор во пензија.

Матурантите од првата генерација завршени ученици ги поздрави и актуелниот директор на училиштето Димче Сребренов.

-Јас сум среќен што можам да остварам средба со учениците од првата генерација на ова училиште. Од само една тогашна паралелка, станавме реномирано училиште и сега имаме 43 паралелки во различни струки, изјави Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“ .

Во меморијата на славениците не беше избледено сеќавањето за другарувањето во тие четири години, за моментите поминати заедно, за итроштините што ги правеле, за незгодите што ги имале.

-Беше многу тешко. Немавме ни каде да учиме, ни од што да учиме. Професорите ни диктираа и учевме на тој начин. Среќен сум што вечерва сум меѓу моите соученици од средношколските денови, рече Киро Апостолов, ученик од првата генерација .

Секое време си има своја убавина, но сега на минатото гледаат со носталгија. На крајот од класниот час матурантите си посакаа да се сретнат и на 60 годишнината од матурирањето а до тогаш да останат во контакт.

Т. Велкова

Сподели

maturanti7maturanti10maturanti12

maturanti9

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

17°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 302 гости и нема членови


web counter



qr code