Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pogrebalno05.11.2013 Кочанци се ставени во тесно. Покрај стресот што го претрпуваат за починат близок, приморани се да плаќаат двојно повисоки цени за погребални услуги и опрема во приватните претпријатија. Така е затоа што кочанското погребално претпријатие „Погребално“ ДООЕЛ формирано од советот на Општината нема добиено дозвола за вршење погребални услуги. Затоа граѓаните се приморани опремата да ја купат од приватните кои имаат дозволи за извршување погреби.

Имено, „Погребално“ ДООЕЛ поднесе целосна документација до Министерството за транспорт и врски за добивање дозвола за извршување погреби, но од Министерството доби негативен одговор со образложение дека не ги исполнува условите за добивање дозвола повикувајќи се на член 21 од законот за погребални дејности.

-Откако Министерството за транспорт и врски го одби нашето барање , поднесовме тужба до Управниот суд кој исто така ја одби тужбата , па тогаш се жалевме и на Вишиот Управен суд од каде чекаме одговор, рече Иван Симеонов, управител на ЈП „Погребално“ ДООЕЛ Кочани.

И додека „Погребално“ ДООЕЛ чека одговор од Вишиот Управен суд за добивање дозвола за вршење погреби, приватните претпријатија кои се две на број во Кочани подружници на претпријатијата од   Струмица и Битола работат со двојно повисоки цени од оние кои ги нудеше кочанското претпријатие. Граѓаните немаат избор и се приморани да плаќаат онолку колку што ќе побараат приватните претпријатија. Тоа негативно се одразува на нивниот буџет, а во никој случај не е од јавен интерес за граѓаните.

Додека чекаат одговорот од Вишиот Управен суд, вработените од јавното кочанско претпријатие се распоредени во работна единица „Зеленило“ и „Комунална хигиена“ .

Т. Велкова

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

.be">

pogrebalno2pogrebalno3 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code