Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pruga14.06.2013  Железничка несреќа во која потешко е повредено десетгодишно момче се случи во четвртокот околу 17 часот и 30 минути на железничката пруга на влезот во Кочани.

Патничкиот воз што во тој момент доаѓал од правец на Скопје, на делот над градскиот стадион удрил во момчето кое не успеало навреме да се тргне од шините.

Мал момент на невнимание  бил пресуден момчето да биде удрено од локомотивата. Машиновозачот, иако се обидувал да го запре  возот, не успeал во намерата, а момчето било исфрлено надвор oд шините.

Граѓаните кои  живеат во близина на пругата не го забележале моментот кога локомотивата удрила во детето. Рекоа дека само слушнале оти сирената на возот била вклучена подолго од вообичаеното, а во еден момент композциијата запрела и машиновозачот излегол од кабината за да види што се случило. Соседите притрчале да помогнат во извлекувањето на момчето од грмушките во кои паднало, а потоа било однесено во кочанската болница.

- Околу 18 часот со возило на итна медицинска помош Кочани е донесен пациент на околу 10-годишна возраст. Поради сериозноста на повредата со која се здобил, транспортиртан е директно во нашите простории, а потоа во приемната хируршка амбуланта. Потоа со возило на Општа болница Кочани е транспортирано до Скопје, рече Едита  Минова, лекар во Итна медицинска  помош.

При првичната  контрола на лекарите во Кочани, кај  детето било регистрирано крварење поради исекотина на главата, што била привремено санирана. Според информациите од Скопје, по непходните медицински испитувањa, во моментот детето е во стабилна здравствена состојба.

Увид на местото на наастанот направија истражен судија и полициски органи, чија истрага треба да покаже како дошло до несреќата.

Т. Ајтовски

Сподели

pruga3pruga2pruga4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 186 гости и нема членови


web counter



qr code