Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Kruzen-Tok14.06.2013  Општината ќе го средува сообраќајниот метеж  на крстосницата од улиците “Тодосија  Паунов“ и “Никола Карев“ кај  Полициската станица.

На почетокот  од годината дојде најавата дека постојното решение за регулирање на сообраќајот со семафори ќе се менува. Наместо светлосните уреди, се планира изградба на т.н. ротонда, односно кружен тек. Почетните активности за новото сообраќајно решение започнаа со распишувањето на тендер за избор на изведувач.

Стручните служби во Општината веќе имаат изготвено основен сообраќаен проект во кој се утврдени параметрите според кои ќе се гради идното вкрстување на сообраќајот на оводј дел од градот.

Се планира кружниот тек да биде лоциран во близина на постоечкиот пешачки остров, ќе има пречник од околу 8 метри, со издигнување над коловозот за околу половина метар.

- Откако ќе  биде изграден кружниот тек  ќе бидат отстранети семафорите. Ќе се направи и ново осветлување на тој дел затоа што знаеме дека навечер е малку потемно таму, не е добро осветлено, така што со решавањето на кружниот тек ќе има хортикултурно уредување со зеленило, рече Влатко  Димитров, раководител на Секторот за урбанизам.

Иако пред десетина години беше направен обид регулирањето на сообраќајот на оваа крстосница да се реши со поставување семафори, тоа се покажа како непрактично, па тие по година две беа исклучени. Хаосот во сообраќајот беше причина за поголем број сообраќајни незгоди, што за среќа завршија само со материјална штета.

Од Локалната велат дека новото сообраќајно решение е побезбедно и попрактично, и како тренд се применува во сите поразвиени европски земји.

Инаку, изградбата на кружниот тек на една од најфреквентните крстосници во градот беше дел од кампањата на кандидатите за градоначалници и како предизборно ветување се рекламираше на последните локални избори.

Т. Ајтовски

Сподели

Kruzen-Tok3Kruzen-Tok5Kruzen-Tok1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 259 гости и нема членови


web counter



qr code