Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pavelsaev214.06.2013  Бесплатни курсеви по турски и француски јазик можат да посетуваат сите заинтересирани граѓани од Кочани, во организација на здружението  на студенти на Правниот факултет, “Павел Шатев“.

Предавањата ги држат странски државјани, студенти на различни универзитети од земјите од кои доаѓаат. Целата настава е на волонтерска основа, односно ниту слушателите плаќаат за часовите, ниту предавачите земаат некаков надомест.

Активноста на кочанското здружение е во рамки на исполнување на една од целите за промовирање, воспоставување и развивање взаемно почитување, соработка и контакти меѓу студентите од земјата и странство.

- Моментално во организацијата имаме волонтери од Турција и Франција. Се спроведуваат бесплатни курсеви по француски и турски јазик, за сите граѓани на Кочани, без разлика на нивната возраст. Курсот по турски јазик заврши успешно, издадовме сертификати на повеќе од 30 учесници. Сега е втората етапа од истиот курс, имаме околу 40 нови посетители, а курсот по француски јазик е во прва етапа и имаме околу 20 учесници, рече Благој  Ристов, претседател на Здружение  на студенти “Павел Шатев“.

Изучувањето на странските јазици за нашите сограѓани е од почетно и од напредно ниво. Пријавувањето на заинтересираните и предавањата  се изведуваат во просторијата на здружението на студенти “Павел Шатев“, на улицата “Карл Маркс“, спроти џамијата во Кочани.

Дел од странските студенти-предавачи овде се неколку месеци и веќе научиле по малку од македонскиот јазик.

- Здраво, јас сум Арно од Франција. Овде сум еден месец како волонтер и во Кочани многу  ми се допаѓа.... Јас сум  Абдула, од Турција, волонтер сум.  Македонија и Кочани се многу  убави. Благодарам на Европскиот волонтерски сервис и на македонскиот народ... Јас сум Маар, во Кочани сум со волонтерите.Кочани и Македонија се многу убави, рекоа дел од предавачите-студенти.

Од здружението  на студенти на Правниот факултет најавуваат дека бесплатните курсеви по странски јазиици ќе продолжат и во текот на летото.

Наскоро во Кочани се очекува да пристигнат студенти волонтери и од Летонија, Русија и од скандинавските земји, кои исто така ќе бидат предавачи на бесплатните курсеви за нивните мајчини јазици.

Т. Ајтовски

Сподели

pavelsatevpavelsatev3pavelsatev4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 267 гости и нема членови


web counter



qr code