Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Prskanje-Komarci214.06.2013 Со оглед на поволната временска прогноза за деновите по викендот, одлучено е акцијата за прскање против комарци да стартува в понеделник и вторник. Во периодот од 23 часот до 5 наутро стучните екипи прскањето ќе го изведат од земја.

Запрашувањето ќе се врши  на површина од 300 ха. Ќе бидат опфатени зелените површини во градското подрачје, градската периферија и низинските села. 

Иако препаратот со кој ќе се прска е одобрен од Бирото за лекови и не е штетен за луѓето и големите цицачи, сепак се препорачуваат соодветни превентивни мерки.

Граѓаните кои одгледуваат пчели  треба да ги затворат сандаците со доволно вода за пиење и да не ги пуштаат 4-5 часа по третирањето.

Прскањето против комарците ќе го реализираат стручни екипи од Центарот за јавно здравје , а ќе се користи истиот препарат како и лани.

Годинава третирањето ќе се изведе комбинирано. Четири пати од земја, и еднаш авионски, кога ќе бидат опфатени 1500 ха.

По апстиненција од цели десет години, борбата против комарците започна од лани. Експертите оценуваат дека е потребен подолг период за да се почувствуваат саканите ефекти.

Г. Лалов

Сподели

Prskanje-Komarci

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 263 гости и нема членови


web counter



qr code