Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kino-pisateli-112.11.2013 Изборните дела во три тома „Зборови по дворови“, „Шарки Жарки“ и „Очите на денот“ на поетот Стојан Тарапуза претставени пред кочанската јавност. 80 тиот роденден на детскиот писател и 55 години членство во Друштвото на писатели на Македонија повод за средбата со читателите.

Поезијата на Стојан Тарапуза е вонвременска и со исто задоволство ја читале и оние што некогаш биле деца, а и оние што растат сега, рече писателот за деца Горјан Петрески во својот говор за Тарапуза на средбата со кочанската јавност и учениците од основните училишта. Преку својата поезија Тарапуза на мајсторски начин влегува во детскиот свет. За него не постои затворен премин, нешто што ќе се испречи и не може да се опее, да израсне во песна и да добие возвишена поетска димензија, додаде Петрески.

За Тарапуза зборуваше и писателот Киро Донев.

-Ја имав среќата да го запознам Тарапуза кога бев многу млад, а судбината сакала откако го запознав Тарапуза да бидам и негов ученик. Мислете ли дека ми беше лесно да учам од него? Се што ќе напишев јас, тој знаеше како на рендген да го види и да ми каже ова чини, а ова не чини. Тој велеше, зачувај го хуморот и од Тарапуза научив дека писател за деца неможе да се стане насила. Мора да го имаш тоа во себе, па да пишуваш детски песни, рече писателот Киро Донев.

Пред присутните свое обраќање имаше и Тарапуза кој рече дека самиот тој има избрано начин како да допре во чудесните простории на детето кое како читател ќе му возврати онака како што секој поет посакува.

-Ви благодарам што дојдовте, ме охрабривте со своето присуство , ме удостоивте заедно со вас да го празнувам овој чин на моето создавање собран во три книги. Колку сте убави, добри , способни и во секој од вас има едно духовно дете, негувајте го, слушајте го, почитувајте го, им рече на присутните писателот Стојан Тарапуза.

Тарапуза својот живот го посвети на децата. Тој за нив вели дека се верни читатели, благодарна публика и иако мали сепак многу умни. Стојан Тарапуза трипати ја има добиено наградата за најдобра детска книга која се доделувала на „Струшките вечери на поезијата“ за стихозбирките „Дамбара думбара“, „Деновирки“ и „Седум брода“. Во Нови Сад ја има добиено „Змаевата награда“ за современ израз во литературата за деца. Во 1995 година наградата на „Детска радост“ за стихозбирката „Шарки Жарки“ и признанието статуетка „Курирче“ .

Т. Велкова

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

kino-pisateli-2kino-pisateliopstina-pisateli-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code