Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kuka orizari17.06.2013  За над 1 милион и 400 илјади денари ноќеска околу полноќ било “олеснето“ семејството Ефремови од населбата Оризари.

Крадци им влегле низ незаклучената врата на летната кујна и преку терасата се нашле во просторијата каде што се наоѓале парите. Домаќините, кои во меѓувреме биле на матурска прослава имале непријатно изненадување по враќањето дома. Забележале дека ги посетил неканет гостин, кој им украл 20 илјади евра и над 180 илјади денари.

Жителите на Оризари рекоа дека Ефремови во населбата биле познати по приватниот бизнис со кој се занимаваат, па веројтно оттаму и толкавата сума пари што ја имале во готовина. Иако, во непосредна близина има уште неколку куќи, никој од соседите не ги забележал кражбите. Рекоа дека се плашат за својот имот, затоа што кражбите станале вообичаена работа.

- Па, ризично е, на младите им требаат парички, бркаат, обрќаат, тражат... Сега и по патот ќе те пребркаат, а не дома, опасно е, рекоа жители на Оризари.

Ефремови ја пријавиле кражбата во кочанската полициска станица, од каде веднаш излегле на увид. И во текот на денот забележително беше присуството на полицијата на терен, барајќи траги што би можеле да го откријат сторителот на делото.

Т. Ајтовски

Сподели

Orizari panorama

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 187 гости и нема членови


web counter



qr code