Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarci117.06.2013  По минатонеделното  одлагање, конечно од ноќеска започнува овогодишната борба на човекот со комарците.

Две вечери по ред ќе се прска од земја против инсектите  што се заштитен знак на регионот.Од Центарот за јавно здравје, рекоа дека дождот и лошите временски услови биле причината што првата фаза од планираното повеќекратно третирање ќе се спроведе во текот на оваа недела.

Со прскањето од земја, ќе се опфати површина од 300 хектари во централното градско подрачје, приградските населби и дел од населените места во општината.

 - Ќе се третира две ноќи, третирањето ќе започне од 23 часот и ќе  трае до 5 часот наутро, па и подолго  во зависност од завршувањето  на планираниот обем. Ќе се третира со средство што е одобрено од Бирото за лекови, тоа е “аквакотрин“ или “делтаметрин“, средство што се смета дека не е штетно, не е опасно за животните и за луѓето, меѓутоа сепак подобро е луѓето да не бидат на местото на третирањето, рече Благица  Ѓурковиќ, директор на Центарот за јавно здравје.

Ѓурковиќ  рече дека известување за за превентивни  мерки е дадено за пчеларите, затоа  што средството со кое ќе се третира  е штетно за пчелите, заради што пчелните сандаци треба 3- до 4 часа по прскањето  да останат затворени. Со прскањето  од земја што ќе се спроведе во првите два дена од неделата нема да заврши оваа фаза од борбата против комарците.

- В четврток, на 20-ти, со почеток  од 4 часот ќе имаме и авионско  третирање што беше најавено  и минатата година. Тоа ќе биде на голем опфат, на територијата на Општина Кочани и ќе опфати околу 1500 хектари, првенствено оризовите полиња, но и градот, така што ќе имаме едно комбинирано третирање, рече Ѓурковиќ.

Третманот против комарците е координиран со соседните  општини, па со авионското прскање ќе биде опфатена и Виница. Заедно со Кочани пак, првото прскање од земја ќе се спроведе и во Општина Зрновци.

Третирањето против комарците се спроведува согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, при што ќе се реализираат вкупно 4 фази. Следните прскања од земја ќе бидат во јули, август и почетокот на септември, а авионско запрашување ќе се спроведе и наредниот месец.

Со оглед на потребите од подолготрајна активност на терен, од Министерството за здравство доаѓа најавата дека во план е изработка на национална стратегија за борба против комарците.

Т. Ајтовски

Сподели

komarci2

komarci3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 184 гости и нема членови


web counter



qr code