Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stipendijanti21.11.2013  Петта година по ред Oпштината ги стипендира студентите и учениците во средните училишта. На конкурсот се пријавија 42 кандидати, односно двојно повеќе од лани.

Поради зголемениот интерес, годинава Локалната самоуправа се одлучи да додели стипендии само за студенти, наместо и за средношколци како што беше до сега. Кандидатите кои ги добија стипендиите ги потпишаа договорите со Општина Кочани. Парична помош во висина од 2.500 денари месечно ќе ја добиваат 26 студенти, кои студираат на јавните високошколски установи во држвата.

По потпишувањрто на договорите, студентите изразија благодарност за укажаната доверба.

- Јас сум Ружица Минова, студент на архитектонскиот факултет, прв пат ја добивам стипендијата и сум благодарна на Општина Кочани.

- Јас сум Јован Петров, студирам на факултетот за туризам и бизнис логистика, пред се огромна благодарност за Општината и градоначалникот кои не поддржуваат во нашето образование и нашата цел.

- Јас сум Сања Карова, студент сум на градежен факултет, на насоката геодезија, стипендист сум на Општина Кочани и стипендијата ќе ја земам во наредните 10 месеци, благодарна сум на градоначалникот и на Општината.

Градоначалникот Димитровски најави во иднина зголемување на бројот на стипендии што ќе ги додели Општината.

- Со ова сакаме да им дадеме стимул на нашите сограѓани да се заинтересираат, да учат, односно да се надградуваат во образованието. Очекувам дека оваа акција ќе ја прошириме во идниот период со уште поголем број стипендии што ќе ги доделуваме за наредните учебни години, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Меѓу критериумите за добивање стипендии кандидатите е што треба да студираат на дефицитарните струки во општината, да покажуваат одличен успех во школувањето и да не примаат друг вид парична помош. Влијание врз одлуките на комисијата имале и материјалните можности на студентот и на неговото семејство. 

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code