22.11.2013 На колонијата која се одржува во Кратово по јубилеен 20 пат учество зедоа и ликовните уметници од Кочани Љупка Коцева и Ангела Ајтовска. Сликаа стара архитектура од градот Кратово. Предадоа две уметнички дела од кои за едното дело Љупка Коцева го освои третото место.
-Јас прв пат учествувам на колонијата и многу сум задоволна затоа што го освоив третото место. Ако ме поканат ќе учествувам и догодина на колонијата. Работевме со акрилни бои и со молив. Сликавме стара архитектура на Кратово, рече Љупка Коцева, учесник во колонијата.
Детската ликовната колонија „Лазар Софијанов“ од Кратово е со меѓународен карактер.
Годинава имаше 22 ца учесници од повеќе градови од Македонија, а твореа и уметници од Србија.
За колонијата чија тема годинава беше сликање дела со мотиви од Кратово и автентичниот изглед на градот е доста посетена и за неа има голем интерес , вели директорот на Домот на културата во Кратово Живко Крстевски .
-Тие работеа од 17 до 22 јуни, изработија околу 41 цртеж од кои 28 се изложени во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Темата е староградска архитектура на Кратово која опфаќа стари куќи и мостови. Уметниците творат на разни локации низ Кратово и можам да кажам дека учесниците се доста прифатени од луѓето и посетеноста на колонијата е голема, истакна Живко Крстевски, директор на Домот на културата „Лазар Софијанов“ - Кратово .
Планот за наредните колонии е да се прошири соработката и на другите држави. Освен од Србија да учествуваат и уметници од Бугарија и Хрватска. Изложбата ќе им на биде на располагање на Кочанци во наредните две недели.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube} |700|525|0{/youtube}