Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bazen1117.06.2013 Започна со работа градскиот базен. На стартот од сезоната 2013, голема посетеност од страна на кочанци. Најмногу од најмладите, чиј летен распуст започна од пред неколку дена.

Така се очекува да биде и претстојните два месеца, до кога на граѓаните им се пружа можност за релаксација и разладување.

- Дојдени сме со другарите, времето е убаво, па се забавуваме и разладуваме, вели еден посетител.

- Убаво е, цената е прифатлива, единствено што водата е малку  ладна, додава друг капач.

Според одговорните, градскиот базен останува со понудата на стандардните содржини, како и последните неколку години.

- Цените се исти како и  минатата година, популарни 50 денари со поволност, 25 денари за групни посети од страна на учениците, информираше Владимир Ѓоргиев од КЈП „Водовод“.

Засега во фунција е само големиот базен, но наскоро ќе се оспособат и двата мали базена во долниот дел од комплексот.

Рефлекторите се ставени  во фунција, што значи дека и ова  лето ќе има ноќно капење, како и лани.

Како што е познато дискотеката и годинава ќе остане под клуч. Поради пропаднатите лицитации, КЈП „Водовод“ нема да ја издава  на користење. Таа нема да функционира ниту повремено, како што тоа беше минатата година за гостувањата на естрадни ѕвезди во рамки на манифестација „Град на културата“. Вон фунција и преку ден засега се и шанковите.

Г. Лалов

Сподели

bazen5bazen1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 261 гости и нема членови


web counter



qr code