Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Penzioneri117.06.2013 На отворањето на регионалните спортски игри чиј домаќин беше Општина Виница, пред присутните зборуваше претседателот на виничкото здружение Младен Петров, градоначалникот на општината Емил Дончев и потпретседателот на Сојузот на здруженија на Македонија, Методија Тошевски .

-Покрај тоа  што пензионерите се активни на повеќе полиња, на разни чествувања, слави, денеска можеме да видиме дека се активни и на спортски план. Разбрав дека во изминатите години се постигнати резултати на кои можат да им позавидат и помладите, истакна Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

-Овој вид  на активности кои ги негува и сојузот и здруженијата ни  прават повторно да се вратиме во младоста и да се потсетиме  на младешкиот натпреварувачки дух. Да ги докажеме своите афинитети во одделни дисциплини и да го продолжиме релаксирано нашиот живот, истакна Методија Тошевски , потпретседателот на Сојузот на здруженија на Македонија.

-За нас е важно да се дружиме и да бидеме заедно на овие години. Да не служи здравјето и понатаму за да се натпреваруваме, рече Добре Дончевски, член на Здружение на пензионери од Делчево.

-Здравјето  сега за сега добро не служи.  Дај Боже да си дочека секој  да биде пензионер за да види дека и овие години се добри ако знаеш да се дружиш и забавуваш. Секој период од животот   си носи свои предизвици, рече Јорданка Деспотова, член на Здружение на пензионери од Македонска Каменица.

Во дисциплината стрелање со воздушна пушка и мажи и жени најдобри беа пензионерите од Кочани. Во теглење јаже мажи најдобри беа домаќините здружението на пензионери од Виница, а од жените прво место во теглење јаже освоија  беровчани. Во дисциплината фрлање ѓуле победи Методи Воинов од Виница. Од жените најдобра беше Снежана Чаушка од Берово. Во дисциплината трчање до 60 години најдобар беше Драги Ефремов од Виница. Од жените најбрза беше Павлина Мирчевска од Берово. Трчање над 60 години најдобар беше Ангел Лзаров од Кочани,  а од жените Блага Михова од Кочани. Во дисциплината скок од место повторно кочанци се покажаа најдобри. Победи Ѓорѓи Николов. Во двобој  жени најдобри беа беровчани екипно,  а поединечно првото место го освои Добринка Таковска. Во тробој мажи најдобар беше Борче Крстев од Кочани.

Од салонските игри кои се играа во просториите на здружението на пензионери во Виница, во шах најдобри беа делчевчани екипно, а  поединечно Фиданчо Паунов од Кочани. Од жените во шах прво место освоија домаќините - пензионерите од  Виница. Во пикадо  од мажите победија беровчани екипно и поединечно Станимир Дунгевски од Берово. Во пикадо жени екипно најдобри се покажаа беровчани , а поедичено Марија Арсова од Берово. Во табла мажи најдобро се покажа Божин Стојменов од Берово. Од жените најдобра беше Станојка Атанасова од Делчево. Во домино прв беше Ѓорѓи Соколов од Делчево,  а од жените Јангелина Цурева исто од Делчево. Во екипен или севкупен пласман од мажите прво место освоија пензионерите од Кочани. Екипно жени најдобри беа виничките пензионерки.

По завршувањето на игрите пензионерите од општините  од источниот регион заедничка веселба и дружење имаа во хотелот “Слив“ каде на најдобрите екипи и поединци им беа врачени награди и призанија. Се стекнаа со право да го претставуваат регионот на државните спортски игри, што ќе се одржат во септември, а домаќин ќе биде Штип.

Т. Велкова

Сподели

PenzioneriPenzioneri4penzioneri5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 186 гости и нема членови


web counter



qr code