Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

29-Noemvri29.11.2013  Југословенската тробојка со ѕвезда петокрака повторно се развеа во Кочани. Членовите на Здружението “Јосип Броз Тито“ не го заборавија и овој 29 ноември, како значаен датум од поранешната историја на заедничката држава на народите од Балканот.

Фотографии со ликот на Тито и револуционерни песни во кои се опева лојалноста кон него и кон револуционерната борба беа вообичаениот декор што можеше да се види и слушне во караванот од возила што прошетаа низ кочанските улици.

Но, претставниците на Здружението не славеа само во Кочани, туку дел од нив отидоа и во Босна и Херцеговина.

- Наша делегација денеска има и во Јајце, на прославата на 70 години од второто заседание на АВНОЈ каде се собрани сите поранешни југословенски народи и народности, рече Трајче Трендов, претседател на здружението “Јосип Броз Тито“.

По повод одбележувањето на 29 ноември кочанските титовисти ги дочекаа и своите гости од Здружението на комунисти и почитувачи на марксизмот од Скопје.

- 29 ноември е значаен ден за македонскиот народ низ вековната борба да се стекне со држава затоа што тогаш по прв пат доби право на државност, иако делегатите кои беа тргнати од Макеоднија до Јајце не стигнале на време, но Собранието донело одлука да се сметаат како присутни, рече Благој Христов од Здружението на комунисти и почитувачи на марксизмот - Скопје.

Додека дефилето од возила се движеше по улиците, кај граѓаните имаше мало изненадување поради тоа што постарите подзаборавиле, а помладите воопшто ни не знаат за значењето што го имаше некогаш најголемиот државен празник.

Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“, ги прославува сите значајни датуми поврзани со историјата на поранешна Југославија, а во изминатиот период организираше и повеќе хуманитарни акции за собирање облека и храна, како и за доброволно крводарување.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code